Давид Писонеро не е повеќе дел од Европскиот ракометен Шампион. Шпанскиот стратег кој на почетокот на оваа сезона седна на клупата на Вардар, по само шест месеци го напушти Скопје и се врати во родната земја.
Писонеро по само четири натпревари доби отказ на фукцијата шеф на стручен штаб кај Вардар. Иако ја започна добра сезоната со три победи, после високиот пораз на домашен терен против Кил, од клубот се решија да го сменат, а на негово место да седне спортскиот директор, Едуард Кокшаров, кој беше само привремено решение, а Писонеро прифати да биде негов помошник.
Во изјава за шпанските медиуми, Писонеро истакнал дека повторно имал понуда од Вардар да биде главен тренер, но дека истата ја одбил, а Вардар донесе нов тренер, тоа е Стевче Алушовски.
Писонеро по враќањето во Шпанија веднаш си најде нов клуб, а тоа е екипата на Валјадолид.