Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Осум играчи ќе го претставуваат Вардар на ЕП кое стартува од утре
Осум играчи ќе го претставуваат Вардар на ЕП кое стартува од утре

Осум играчи ќе го претставуваат Вардар на ЕП кое стартува од утре

Европскиот ракометен шампион ќе има осум свои играчи и еден тренер кои ќе бидат дел од Европското првенство кое стартува од утре.

Најмногу има во репрезентацијата на Русија, вкупно пет, тоа се Тимур Дибиров, Павел Атман, Данилл Шишкарев, Сергеј Горбок и Глеб Калараш. Од составот на Летонија, која дебитира на едно големо натпреварување, доаѓаат двајца вардарци, Даинис Кристопанс и Артурс Кугис. Единствениот вардарец кој ќе ги брани боите на Македонија на ЕП, ќе биде Стојанче Стоилов. Во редовите на црвено-жолтите е и тренерот на голмани, Александар Царчев.

Први кои ќе стартуваат на ЕП се Кристопанс и Кугис. Летонија својот прв меч ќе го одигра утре, а противник е една од селекциите која важи за фаворит за освојување на медал, тоа е Шпанија.

Македонија во петок ќе го отвори ЕП со дуел против Украина, додека на 11. јануари ќе стартува селекцијата на Русија која се наоѓа во најтешката група на ЕП, прв противник им се унгарците.