Пролетниот дел во првенството на младинските фудбалски лиги е предвиден да стартува на 29.февруари.
Екипата на Еуроспорт Куманово ќе биде првиот пролетен предизвик за младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово, додека кадетите и младинците ќе бидат домаќини на овој противник. Помладите пионери на Вардар го завршија есенскиот дел на првото место, додека пионерите и кадетите финишираа на втората позиција, најслабо рангирани се младинците кои се најдоа на шесттото место.
Во рамките на 16.коло за противник ќе ја имаме екипата на Македонија Ѓ.П.