Летонскиот „џин“ во редовите на Вардар, Даинис Кристопанс, е номиниран во изборот за најдобар ракометар на Европа за 2019 година.
Кристопанс беше еден од предводниците на Вардар во освојување на втората Европска титула и најдобар стрелец на црвено-црните, а заврши и како втор најдобар стрелец во Лигата на Шампионите.
Во изборот се најдоа уште и : Роман Лагард, Микел Хансен, Баруш Пуковски, Лука Циндриќ, Никлас Ландин, Кристофер Хенрикс, Богдан Радивојевиќ, Андреас Волф и Петар Ненадиќ.
За Кристопанс можете да гласате на линкот, ТУКА.