Еден ракометар на Вардар ќе биде дел од Африканскиот Куп на нации, кој ќе се одржи во периодот од 16-26 јануари. Се работи за голманот на Европскиот Шампион, Калифа Гедбан, кој со репрезентацијата на Алжир ќе биде дел од ова натпреварување.
Во составот на Алжир се наоѓаат само пет играчи кои настапуваат надвор од земјата, а еден од нив е и Гедбан кој го брани голот на Вардар. Алжир е дел од групата Д, во која се уште и репрезентациите на Мароко, Конго и Замбија.