Ракометарите на Македонија продолжуваат позитивно да ја изненадуваат спортската јавност во нашата земја.
По тој повод тие на автобусот, кој го користат за Европското првенство ја сокрија додавката Северна. Наместо Северна, ракометарите ставија македонско знаме, па така сега пишува „Тим Македонија”.
Очекуваме нашите ракометари на чело со Стоилов, Лазаров и Ристовски да покажат срце и на денешниот прв натпревар од ЕП и да ја израдуваат спортската јавност во нашата држава со победа над Украина.