Русија со нов пораз ги заврши настапите на Европското првенство, откако беше совладана и во последното коло од селекцијата на Данска.
Иако по првото полувреме, избраниците на Кокшаров имаа предност од три гола, сепак со пресврт во второто полувреме, Данска дојде до победа за која беше прва на ова ЕП. Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол и ниту една од репрезентациите немаа поголема предност од еден гол. Русија прва се одлепи на три гола разлика, кога имаа водство од 13:10, а на полувреме имаа и водство од 15:12.
По само четири минути игра во вториот дел, Данска направи целосен резултатски пресврт, со серија од 0:4 успева да поведе со 15:16. Русија не се предаде, во неколку наврати го израмнуваше резултатот, но решавачки за Данска беше периодот кога направи серија од 0:3 и се одлепи на највисоки 25:29, по што немаше многу време за резултатска неизвесност. На крајот Данците славеа „сурова“ победа со резултат 28:31.
Во составот на Русија, Шишкарев беше втор најдобар стрелец со 5 голови, додека Калараш постигна 1 гол. Во листата на стрелци не се запишаа Дибиров, Атман и Горбок. Од оваа група во следната фаза ќе продолжат селекциите на Унгарија и Исланд.
Од селекциите кои даваа играчи од Вардар на ова ЕП, Македонија се пласираше на 15.место, Русија е на 22.позиција, додека Летонија заврши на последното 24 место.