Македонската фудбалска репрезентација до 16 години со пораз го започна меѓународниот младински турнир во Труција.
Избраниците на Драган Канатларовски беа минимално поразени од репрезентацијата на Албанија со резултат 0:1 ( 0:0). На овој дуел во стартниот состав на Македонија се најдоа и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот Стефан Тасев, потоа Игор Јаневски, Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи. Шанса во второто полувреме добија и Никола Павлески и Давид Љушев.
Денес е слободен ден, а утре играме меч против врсниците од Северна Кореја.