Денес продолжува Европското ракометно првенство со натпреварите од следната фаза, односно со репрезентациите кои успеаа да се пласираат на првите две позиции во грпата.
Вчера се комплетираше и третото коло во групната фаза, по што беа познати и селекциите кои продолжија понатаму. За жал, Вардар веќе ќе нема свој претставник на ЕП.
Што се однесува до најдобрите стрелци во првата групна фаза, еден играч од редовите на Европскиот Шампион може да се пофали дека се наоѓа во ТОП-10. Се работи за Даинис Кристопанс кој со 21 постигнат гол се наоѓа на 6.место. На 4.место со 22 постигнати голови се наоѓа Кирил Лазаров. Со оглед дека нивните репрезентации го завршија учеството на ЕП, и Кристопанс и Лазаров ќе паднат многу подоле од моменталните позиции.