Вчера во кугларницата “Мусандра“ екипите на КК Вардар и КК ГТЦ Мусандра одигаа тест-натпревар со цел подобра подготовка за пролетниот дел во Македонската кугларска лига. Почетокот на пролетниот дел во сезоната 2019/2020 во МКЛ е закажан за на 25ти јануари.
Дуелот беше одличен, двата тима го искористија за влегување во натпреварувачки ритам. Ако ги погледнеме најдобрите шест постигнувања кај двата колектива, дуелот резултатски заврши мирољубиво, 3:3. Екипата на ГТЦ имаше подобар вкупен резултат на овој тест-меч.
Од вардарци човекот кој оваа есен е брилијантен и има најдобар скор, Марјан Згонц повторно имаше забележителен резултат. Тој со бројата 563 “соборени дрва“ беше број еден во нашиот тим. Саша Јанковиќ имаше втор резултат собори 542 “дрва“.
Во првиото пролетно коло играме против екипата на ЖКК Пелистер, потоа следи дербито токму со КК ГТЦ за втората позиција. Во текот на утрешниот ден Вардар фанс ќе ви донесе галерија од вчерашниот меч.