Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар многу порано ќе се комплетира од Кил, дали ова е предност за црвено-црните
Вардар многу порано ќе се комплетира од Кил, дали ова е предност за црвено-црните

Вардар многу порано ќе се комплетира од Кил, дали ова е предност за црвено-црните

Европскиот ракометен Шампион својот прв официјален натпревар во новата година ќе го одигра на 5.февруари, кога гостува во Германија на екипата на Кил.

Она што го става во предност, Вардар пред мечот со „зебрите“ е порано комплетирање на екипата после завршување на Европското првенство. Познато е дека сите осум играчи од Вардар кои започнаа со своите репрезентации, уште во првата групна фаза ги завршија настапите на ЕП, па во наредниот период треба да се приклучат на тренинзите на тимот.

Ова не е случај со екипата на Кил, која моменетално има осум играчи на ЕП, кои продолжија во втората групна фаза. Единствено своите настапи предвреме и неочекувано ги заврши голманот, Никлас Ландин, кој со селекцијата на Данска не успеаа да ја помне групата. Сите останати осум ракометари, по 2 во репрезентацијата на Германија и по 1 во Хрватска, Чешка, Австрија, Норвешка, Шведска и Словенија и во наредните десет дена ќе бидат дел од ЕП, а во зависност од пласманот, некои можеби ќе останат и до самата завршница.

Дали ова го става во предност Вардар пред првиот дуел во новата година, останува да видиме на 5.февруари кога ќе се одигра мечот меѓу Вардар и Кил во „Шпаркасен Арената“.  Тоа ќе биде и прв меч за новиот предводник од клупата, Стевче Алушовски.