Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар одигра тест-натпревар со ГТЦ
Куглање: Вардар одигра тест-натпревар со ГТЦ

Куглање: Вардар одигра тест-натпревар со ГТЦ

Вчера во кугларницата “Мусандра“ екипите на КК Вардар и КК ГТЦ Мусандра одигаа тест-натпревар со цел подобра подготовка за пролетниот дел во Македонската кугларска лига. Почетокот на пролетниот дел во сезоната 2019/2020 во МКЛ е закажан за на 25ти јануари.

kug14 kug2

Дуелот беше одличен, двата тима  го искористија за влегување во натпреварувачки ритам. Ако ги погледнеме најдобрите шест постигнувања кај двата колектива, дуелот  резултатски заврши мирољубиво, 3:3. Екипата на ГТЦ имаше подобар вкупен резултат на овој тест-меч.

kug9 kug4

Од вардарци човекот кој оваа есен е брилијантен и има најдобар скор, Марјан Згонц повторно имаше забележителен резултат. Тој со бројата 563 “соборени дрва“ беше број еден во нашиот тим. Саша Јанковиќ имаше втор резултат собори 542 “дрва“.

kug6

Во првиото пролетно коло играме против екипата на ЖКК Пелистер, потоа следи дербито токму со КК ГТЦ за втората позиција. Во текот на утрешниот ден Вардар фанс ќе ви донесе галерија од вчерашниот меч.