КК Вардар го очекува “грчевита“ битка за опстанок оваа пролет, сепак една вест за одлично засилување донесе оптимизам. Една година откако замина повторно во црвено-црниот дрес се враќа, американецот Џуниус Провел.
Фантастичниот бек кој во првиот дел од сезоната 2018/19 го носеше дресот на Вардар и одигра одлично. Беше на врвот на сите листи, тој минатата сезона тој се пресели во Грузија од каде повторно се враќа под “Кале“. Провел вчера пристигна во Скопје и веќе во недела на мечот со МЗТ Скопје Уни Банка кој е закажан од 18-00 часот во „Кале“ ќе биде во комбинација.