Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Вардаровиот младинец, Далибор Костовски, е нов член на ФК Септември од Бугарија
Вардаровиот младинец, Далибор Костовски, е нов член на ФК Септември од Бугарија

Вардаровиот младинец, Далибор Костовски, е нов член на ФК Септември од Бугарија

Играчот кој во есенскиот дел од сезоната играше за младинците на фудбалскиот клуб Вардар, Далибор Костовски до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на ФК Септември од Бугарија.

Далибор од својата седма година го носи црвено-црниот дрес, период во кој ги помина сите младински категории на најголемиот клуб во Македонија. Далечината не претставуваше проблем за ова момче кое гордо го носеше црвено-црниот дрес, а во голем дел од играчката кариера во Вардар беше и капитен на генерацијата 2002.

Екипата на ФК Септември минатата сезона испадна од првата бугарска лига, но после завршување на есенскиот дел се лидери во втората лига, со големи амбиции да се вратат во првата лига. Далибор потпиша договор со тимот на шест месеци, со можност истиот да биде продолжен и во наредните 2-3 години. Костовски моментално со новиот клуб се наоѓа на подготовки во Анталија.

Нашиот медиум го исконтактира Костовски, кој објасни како дошло до контакт со новиот клуб.

-Со новиот клуб дојдов до контакт преку мојот менаџер, Александар Јовков, иако и бугарската екипа ме следеле некое време. Сите преговори завршија за брзо време, и морам да изразам благодарност до мојот менаџер. Моментално сум на подготовки во Анталија со екипата на Септември, истите течат во најдобар ред, се работи напорно со цел подготвени да влеземе во пролетниот дел од сезоната.

Далибор не ги заборави годините поминати во Вардар, едноставно израсна во овој клуб.

622-660x330

-Сакам да се заблагодарам на сите во Вардар, од тренери па се до управата на Академијата. Благодарен сум до сите кои даваа се од себе да се развијам како играч, многу научив од сите тренери со кои имав можност да работам во изминативе десет години. 

На крајот упати и голема благодарност до управата во младинската школа, кои не правеле никаков проблем околу неговото заминување.

-На крајот, благодарност и до директорот на школата, Ѓорѓи Христов и координаторот, Сашо Милошевски, кои не правеа никаков проблем околу моето заминување од Вардар, односно без обештетување преминав во новиот клуб. Во Вардар научив се, таму поминав незаборавни десет години, се надевам дека еден ден пак ќе се вратам, изјави Костовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски