Вечерва со почеток од 18:00 часот, Европскиот ракометен Шампион ќе го одигра првиот натпревар во новата година.
Во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните ќе одиграат контролен меч со екипата на Еурофарм Пелистер, дуел кој ќе биде од затворен тим, без присуство на гледачи. Пред два дена на тренинзите се приклучија и играчите кои беа дел од ЕП, додека единствено кој ќе недостасуваат се Марко Кизиќ кој поради болест не тренира цела недела, потоа Калифа Гедбан кој има обврски со селекцијата на Алжир и Кристијан Дисингер кој е во период на рехабилитација.
Денешниот дуел ќе биде прв и за новиот предводник од клупата на Вардар, Стевче Алушовски кој има можност да испроба тактички варијанти и полека да го подготвува тимот за дуелот од ЛШ, против екипата на Кил.