Тимот на Вардар го претрпе третиот пораз на зимските подготовки во Анталија, откако попладнево немоќен беше и против српскиот суперлигаш Бачка Топола со резултат 2:1 (1:0).
Почетниот состав на Вардар за денеска беше: Илиќ, Новак, Младеновски, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Димоски, Попзлатанов, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши.
На овој натпревар во нашиот тим ги немаше Филип Гачевски и Дарко Мицевски кои останаа на трибините. По првиот дел, Бачка Топола имаше предност од 1:0 со гол постигнат на Зец. Вториот дел противникот го отвори подобро, па по само десетина минути игра имаше и предност од 2:0 со гол постигнат на Арсенијевиќ. Вардар се врати во натпреварот, постигна погодок преку Колевски, но на крајот недоволен да се избегне и третиот пораз.