Изминатиот викенд, продолжија возбудувањата во Македонската кугларска лига со одигрувањето на 8.коло. Пред почетокот на истата на врвот беше Макпетрол со 14 бода. Три тима кој се борат за местото зад него: Вардар, ГТЦ и Пелистер влегоа израмнет скор од по 10.бода. Интересен расплет имаше во ова прелиминарно коло и два неочекувани резултати.
Вардар лесно со високи 7-1 ја совлада екипат на ЖКК Пелистер и дојде до прва победа во 2020 година. Шампионот, тимот на Макпетрол првпат сезонава не дојде до „цел плен“. Тие беа изненадени од екипата на КК ГТЦ Мусандра. Овој дуел заврши реми 4-4 па тимот на ГТЦ направи значаен исчекор кон втората позиција. Исто така изненадувачки 4-4 одигаа тимот на Пелистер, кој како и Вардар и ГТЦ влезе во пролетниот дел со 10.бода и амбиции за „сребрената“ позиција. Битолчани одиграа реми со Империал Тобако ТКС. Дуелот со кој ќе се комплетира колото, ЖКК ГТЦ-18 Август се игра утре, 29.јануари. Вака изгледа топ-5 сегментот од табелата во МКЛ:
1.Макпетрол 15.бода
2.Вардар 12.бода
3.ГТЦ 11.бода
4.Пелистер 11.бода
5. Империл Тобако 7.бода