Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Атлетика: Вардарецот, Завировски се подготвува за 3 полу-маратона
Атлетика: Вардарецот, Завировски се подготвува за 3 полу-маратона

Атлетика: Вардарецот, Завировски се подготвува за 3 полу-маратона

Вардаровиот атлетичар, Петре Завировски по паузата од три  недели поради повредата на левата нога продолжува со своите подготовки. Тој ги започна зимските “епизоди“ како подготовка  за пролетниот дел од сезоната.

Вардарецот како што не информира, во план е да  настапи на три  полумаратонски трки (21 километар) во првата половина од 2020 година. Веќе се дефинирани две, станува збор за скопскиот полумаратон во мај и  полумаратонот  „Охрид трчаТ“ кој е на програмата во јуни. Останува  уште еден полумаратон во април кој дополнително ќе биде одреден.