Утре во С.Ц. Јане Сандански, Европскиот ракометен Шампион ќе го одигра вториот контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Металург ќе биде гостин на Вардар, на натпревар кој ќе биде од затворен тим ( без присуство на гледачи), откако се договорија и двете екипи. Ова ќе биде втор контролен дуел за црвено-црните, откако на првиот го совладавме тимот на Еурофарм Пелистер.
Инаку дуелот против Металург ќе биде и последна подготовка за Вардар, пред првиот голем предизвик оваа година, тоа е гостувањето кај екипата на Кил, дуел кој е закажан да се одигра на 5.февруари. Потоа следуваат уште три средби, на домашен терен со Мотор (15 февруари), во гости кај Порто (22 февруари) и последниот меч со Монпелје во Скопје на 29 февруари.