Вчера по кратко боледување, го напушти овој свет и се пресели во вечноста тренерот на кугларскиот клуб Вардар, Драги Димитровски. Неговиот погреб е закажан за утре, четврток 30.јануари. Својот живот му го посвети на овој “мал спорт“ со голема душа.
Истиот беше од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска лига, кога беше играч и тренер на актуелниот многукратен шампион Макпетрол, еден од најзаслужните што овој клуб денес е она што е. Во својата кариера тренер бил на Работнички од кој создаде генерација која денес го држи главниот збор во мак-куглањето. Димовски во својата кариера бил и на челото на македонската сениорска и јуниорска репрезентација.
По овој долг пат Драги на залезот на својата кариера реши да биде тренер на Вардар, каде му даде основи на тимот, тој успеа да го стабилизира и да го насочи кон врвот во МКЛ. Покрај тоа, создаде нова плејада млади куглари, кој ги менторираше.
Вечен помен, чичко Драги!