Две младински ракометни репрезентации на Македонија во наредниот период ќе земат учество на ракометни турнири.
Генерацијата 2002 која е предводена од Никола Матлиески во периодот од 16-23 февруари ќе земе учество на Медитеранските игри кои ќе се одржат во Атина. Покрај Македонија, ќе се натпреваруваат уште и селекциите на Бахреин, Хрватска, Египет, Грција, Италија, Кувајт, Црна Гора, Мароко, Романија, Србија, Шпанија, Тунис и Грција. За овие игри, селекторот повика 17 ракометари, од кои тројца доаѓаат од редовите на Вардар. Се работи за Дамјан Димитријески, Бојан Чакалиќ и Давид Савревски.
Учество на турнир во Романија ќе земат генерацијата на играчи родени 2004 година и помлади. Ова за нив ќе биде прво искуство на турнирите, со оглед дека се работи за новоформирана селекција. Од 46 играчи колку што се појавија на првиот собир кој беше пред два месеци, селекторот Стојановиќ Раде за турнирот во Романија одбра вкупно 17 ракометари. Од екипата на Вардар доаѓаат: Марио Стојановски, Андреј Петрушевски, Христијан Петковски, Георгиј Спасовски и Александар Стојменов.