Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор во среда ќе одигра контролен натпревар против Бутел
Вардар Јуниор во среда ќе одигра контролен натпревар против Бутел

Вардар Јуниор во среда ќе одигра контролен натпревар против Бутел

Екипата на Вардар Јуниор продолжува да се подготвува за продолжение од сезоната во најсилната Супер Лига. Тројцата играчи кои во новата година започнаа да тренираат со првиот тим, се вратени на Вардар Јуниор, па тренерот Петрушевски може да смета на нивните услуги. Се работи за Стефан Атанасовски, Славе Јанковски и најдобриот стрелец на екипата, тоа е средниот бек, Стефан Крстевски. Неизвесно е само каде ќе продолжи младиот голман, Васил Гогов, кој дебитираше во Лигата на Шампионите, а настапи за првиот тим и на контролните мечеви против Еурофарм и Металург.

На 5.февруари ( среда) , Вардар Јуниор ќе одигра контролен натпревар против екипата на Бутел, која исто така е дел од Супер лигата. Мечот ќе се одигра во терминот од 18:30 часот во спортската сала Јане Сандански.  До стартот на пролетниот дел кој е закажан за 1.март, младиот состав на Вардар Јуниор ќе одигра уште неколку контролни мечеви за темпирање на формата.