Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар се врати на врвот, висока победа во гости кај Пантери
ЖКК Вардар се врати на врвот, висока победа во гости кај Пантери

ЖКК Вардар се врати на врвот, висока победа во гости кај Пантери

Вчера во заостанатиот дуел од првото пролетно коло, ЖКК Вардар гостуваше кај тимот на Пантери. На гостувањето кај скопскиот ривал очекувано девојките на Жаклина Стојановска успеаа да дојдат до висока победа и да се вратат на лидерското место на табелата.

Уште во првиот период од 10.минути покажавме дека ќе доминираме, ривалот остана на едноцифрен ефект, оваа четвртина ја добивме со 5:23. Втората помина исто, ние бевме екипата која целосно доминираше под двата обрачи. Резултатски беше речиси идентична на првата, па затоа на одмор заминавме со предност 11:46. Третиот период беше најнеефикасен, истиот го добивме со 11:15. Во последната четвртина бликнавме со целата наша креативност и дојдовме до убедлива победа на крајот.  Победата дојде со 58.поена разлика односно со резултат 35:93.