Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Филип Ѓоргоски: Работиме максимално и се трудиме да се подготвиме што е можно подобро за тоа што не чека во наредната полусезона
Филип Ѓоргоски: Работиме максимално и се трудиме да се подготвиме што е можно подобро за тоа што не чека во наредната полусезона

Филип Ѓоргоски: Работиме максимално и се трудиме да се подготвиме што е можно подобро за тоа што не чека во наредната полусезона

Генерацијата на ФК Вардар составена од играчи кои се родени 2003 година минатата сезона успеаа да ја освојат двојната круна во својата дебитантска сезона во рамките на помладата пионерска лига. Оваа сезона се натпреваруваат скалило погоре, односно во пионерската лига, во која есенскиот дел од сезоната го завршија на второто место на табелата. Одлично започна сезоната за оваа вардарова генерација, која имаше максимален број на освоени бодови после првите четири одиграни кола. Потоа стигна и првиот пораз на гостински терен од екипата на Работнички, а лидерската позиција ја загубивме во 9. коло кога бевме изненадени на домашен терен од екипата на Академија Пандев. Во последните две кола освоивме само еден бод, што беше причина да имаме негатива од шест бодови во одност на тимот од Струмица. Еден од играчите кој имаше најголема минутажа во пионерскиот состав на Вардар, кој игра на стоперската позиција е Филип Ѓорѓоски кој за нашиот медиум даде еден преглед на оствареното во есенскиот дел од сезоната, како и очекувањата за вториот дел од сезоната кога треба да се нападне првото место.

naslovna4-660x330-660x330

-Иако го започнавме одлично есенскиот дел во кој бевме први на табелата се до деветтото коло, загубивме во дербито со Академија Пандев во кое имавме многу шанси кои не ги реализиравме. На последните две утакмици од полусезоната освоивме само бод, а тоа беше последица која се чувствуваше во нашата игра, заморот кај многу од нас, но и клучни беа повредите кај некои играчи од тимот. На крајот на есенскиот дел завршивме на втората позиција на табелата со 6 бода помалку од екипата на Академија Пандев, но сепак јас мислам дека не треба да сме задоволни со втората позиција.

Оваа генерација на Вардар во пролетниот дел има нов тренер, а тоа е Милан Коцевски кој доаѓа од екипата на Кул. Моментално, вардаровите пионери се подготвуваат под неговото водство за предизвиците кои следат од пролет, а тоа е одбрана на двојната круна.

-Во пролетниот дел имаме нов тренер со кој ќе се обидеме да ја одбраниме двојната круна од изминатата сезона. Се работи за тренерот Милан Коцески. Тренер кој бара дисциплина и бара максимално професионална работа од нас. Подготовките течат во најдобар ред, работиме максимално и се трудиме да се подготвиме што е можно подобро за тоа што не чека во наредната полусезона.

309

Ѓорѓоски е стандарден играч и во репрезентацијата на Македонија до 17 години, која настапи на квалификациски турнир во Полска, за пласман во елитната фаза. Завршивме на третото место во групата и не успеавме да ја оствариме првичната цел, иако вардаровиот стопер верува дека Македонија не е далеку од квалитетите на другите Европски репрезентации.

-На квалификациите во Полска завршивме на третото место во групата. Сите знаеме какви се селекциите на Полска и Белгија. Сепак тие се репрезентации од највисоката класа во Европа, а и во светот. Натпреварот со домаќинот Полска беше клучен на овие квалификации, имавме добра игра и водство на нашата репрезентација. Но на крај среќата не беше наш сојузник и загубивме со 3:2. Иако не обезбедивме директен пласман во елитната фаза, до последната група на квалификациите чекавме шанса да одиме понатака како најдобро третопласирани, во кои за жал немавме среќа да одиме понатака. Сепак се работи за квалитетни репрезентации, но мислам и нашата репрезентација со повеќе работа и труд може да бидеме добри противници на останатите.

77394474_10214542376972898_1808580560495312896_o

Академија Пандев одигра одлична полусезона во која имаше само еден пораз и нерешен резултат. Се работи за екипа составена од одлични играчи, но Ѓоргоски смета дека борбата за титулата се уште не е завршена.

-Екипата на А.Пандев е во одлична форма исто така и минатата сезона покажаа одлична игра, но тоа не значи дека не можеме да ги стопиме тие 6 бода кои не делат од врвот на табелата. Сепак како што кажав ние сме освојувачи на двојната круна и тоа мора да го оправдаме и оваа сезона.

Ѓоргоски ги откри и следните настани што се однесува до националната репрезентација и истакна дека се надева на повик од селекторот и за следниот собир на оваа селекција.

-Во Октомври оваа година на репрезентативен план не очекува Лига на нации кои ни овозможуваат шанса за пласман на Европското првенство во 2022 година. Во група сме со Литванија и Казакстан. Овој турнир ке се игра во Скопје. Немаме никаква информација за нареден собир, јас се надевам дека ги оправдувам моите повици за репрезентацијата и се надевам за нареден повик од страна на селекторот.

1329

Големи се очекувањата за пролетниот дел од сезоната, а тоа се одбрана на двојната круна за пионерите на Вардар.

-Многу се важни првите неколку кола во пролетниот дел, доколку успееме барем да ја преполовиме негативата  сигурен сум дека на крајот можеме да стигнеме и до Шампионската титула. Големи очекувања имаме и во Купот, каде го браниме трофејот освоен од минатата сезона, токму со победа против А.Пандев во големото финале, истакна Ѓоргоски за нашиот медиум.

Звонко Ивановски