Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2005 „ослабена“ замина на турнир во Бугарија
ФК Вардар генер. 2005 „ослабена“ замина на турнир во Бугарија

ФК Вардар генер. 2005 „ослабена“ замина на турнир во Бугарија

Генерацијата 2005 на фудбалскиот клуб Вардар утрово заминаа за Бугарија, каде од утре ќе ги започнат настапите на турнирот „Пирин Куп 2020“. Екипата веќе пристигна во Сандански, каде од утре ќе ги започне настапите на турнирот.

Тренерот Зоран Петковски имаше големи проблеми околу составување на екипата за овој турнир, со оглед дека ќе неможе да смета на неколку играчи поради болест. Тука се, пред се најдобриот стрелец на оваа генерација како и капитен, Никола Величковски, и играчот од средината на теренот, се работи за Тино Спасиќ. За Бугарија отпатувавме и без двајцата голмани, Леонид Илиевски и Никола Филевски, па за голот ќе биде задолжен Максим Краљевски од генерацијата 2006.

Ова се играчите кои ќе настапат за Вардар на турнирот: Максим Краљевски, Лука Јакимовски, Стефан Ристовски, Влатко Кулуковски, Кристијан Таневски, Давор Серафимов, Ѓорѓи Дошев, Горјан Цветков, Филип Јовановски, Кристијан Антевски, Алексеј Стефановски, Михаил Кузмановски, Михаил Јаневски и Матеј Веселинов. Тренер: Зоран Петковски.

Вардар ќе биде дел од групата Б, во која се уште и екипите на Септември, Мечетата, Царско Село и Спартак Пловдив. Во понеделник ќе одиграме два натпревари против екипите на Мечетата од Петрич и Септември од Софија.