Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Одложеното дерби Вардар-ГТЦ ќе се игра во четврток
Куглање: Одложеното дерби Вардар-ГТЦ ќе се игра во четврток

Куглање: Одложеното дерби Вардар-ГТЦ ќе се игра во четврток

 Изминатиот викенд на програмата беше 9.коло во Македонската кугларска лига. Во оваа втора рунда во 2020 година, во дербито требаше да се сретнат двата претенденти за „сребрената“ позиција Вардар и ГТЦ.

Сепак овој дуел беше одложен поради веќе позната причина, односно поради фактотот што почина тренерот на црвено-црните, кугларската легенда Димитровски Драги. Овој дуел доби нов термин за одигрување, истиот се игра четврток (6.фебруари). Натпреварот ќе се игра попладне со почеток во 18-00 часот  во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар.