На официјалната страница на Кугларската федерација на Република Македонија вчера беше поставен билтенот со резултатите и табелите од првото пролетно коло. По крајот на 8.коло во Македонската кугларска лига, Макпетрол е лидер со 15.бода, црвено-црните избија на втората позиција со 12 освоени бодови.
Во сегментот топ-6, односно идеалниот тим на првото пролетно коло има по двајца преставници на шампионот Макетрол и екипата на КК ГТЦ Мусандра. Од тимовите на битолски Пелистер и нашиот Вардар по еден куглар успеа да се најде на оваа ранг листа за најдобри постигнувања. Влатко Гиевски на првиот меч против ЖКК Пелистер Т&С Холдинг имаше најзабележителен настап во вардаровиот тим. Тој со соборени 556 „дрва“ покрај што беше најдобар во двата тима на тој дуел обезбеди место на оваа листа на најдобриот тим за 8.коло.
Честитки Влатко!