Wednesday ,05 February 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Вардаровите генер. 2007 и 2008 заминаа на турнир во Бугарија
(ФОТО) Вардаровите генер. 2007 и 2008 заминаа на турнир во Бугарија

(ФОТО) Вардаровите генер. 2007 и 2008 заминаа на турнир во Бугарија

Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар утрово заминаа за Бугарија, каде од утре започнуваат со настапи на меѓународниот младински турнир „Пирин Куп 2020“. Тоа се генерациите на играчи родени 2007 и 2008 година.

Генерацијата 2007 ќе се натпреварува во групата Ц, во која се уште и екипите на ЦСКА 1948, Локомотива Софија (2) и Ботев Вратса. Првиот натпревар го играме во сабота, против екипата на ЦСКА, додека во недела ќе ги одиграме останатите два меча од групната фаза. Во оваа генерација учество на турнирот ќе земат вкупно 16 екипи, поделени во четири групи. Екипите кои ќе се пласираат на првите две места од секоја група ќе обезбедат пласман во 1/4 финалето.

2007

Тренерот Горан Петрески на турнирот ќе може да смета на следниве играчи: Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски ( голмани), Марко Крстевски, Филип Смиљков, Златко Радески, Емир Шаботиќ, Марко Киш, Иван Блажевски, Стефан Младеновски, Александар Грашески, Борјан Томовски, Фуад Керими, Лука Атанасовски, Мичо Поповски, Михаил Јорданоски, Петар Котевски, Матеј Димчевски и Адмир Љатифи. Тренер на голмани: Бојан Димковски

И во генерацијата 2008 ќе се натпреваруваат исто така 16 екипи. Вардар се наоѓа во групата Ц, со екипите на Тумба, Пирин 2001 (2) и Локомотив Софија. Во сабота ќе одиграме два натпревари. Најпрво за противник го имаме тимот на Тумба, за во попладневниот термин да се сретнеме и со екипата на Пирин 2001 (2).

2008

Познати патниците и кај генерацијата 2008 предводена од Петар Георгиевски: Дарко Јовчев (голман), Дамјан Блажев, Огнен Бојковски, Леонид Стамчевски, Марко Шотаровски, Матеј Киш, Коста Бошковски, Дамјан Буцевски, Бојан Пешов, Петар Блажевски и Петар Јаковлевски. Тренер на голмани: Бојан Димковски.