Friday ,25 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2007 без бодови од мечот со ЦСКА
ФК Вардар ген.2007 без бодови од мечот со ЦСКА

ФК Вардар ген.2007 без бодови од мечот со ЦСКА

Момците на популарниот Чунга  на првиот меч на турнирот во Бугарија се сретнаа со екипата на ЦСКА од Софија. 

Одигравме одличен дуел, доста борбен на терен со природна трева што додатно ја отежнуваше играта. Првиот дел заврши со резултатска симетрија, 1:1. Ние имавме шанси и со погодок повеќе да заминеме на пауза , но не успеавме и покрај неколкуте шанси на 1-1. Во вториот дел двата тима имаа прилики да поведат и победат. За жал во последната минута по кардинална грешка на нашата одбрана бугарите погодија за 1:2, резултат со кој дојдоа до триумф во ова прво коло од Пирин купот 2020. За нас погоди Стефан Младеновски на овој дуел.

Напомена, генерацијата 2007  се натпреварува во групата Ц, во која покрај денешниот наш ривал се  уште и екипите на Локомотива Софија (2) и Ботев Вратса.