ФК Вардар генерација 2008 денес го имаше првиот натпреварувачки ден на турнирот во Бугарија. Момците на Пепи Ѓорѓиевски успеаа да дојдат до два нерешени исхода на двата силни натпревари одиграни денес на овој меѓународен собир.
Во првиот натпревар се сретнавме со тимот од нашиот јужен сосед, Грција. Прв предизвик ни беше екипата на ФК Тумба. Овој дуел заврши со поделба на бодовите 1-1, иако за жал ние имавме предност по крајот на првиот период. Истиот го добивме со резултат 1-0, за нас стрелаше Петар Блажевски со чии гол заминавме на на одмор со предност. Ривалот во вториот дел ја анулираше истата.
По краткиот одмор одигравме нов , втор натрппевар. Потоа се сретнавме со екипата на ФК Пирин од Бугарија, исто така и овој дуел заврши со резултатска симетрија. Натпреварот во кој двата тима доста се бореа да направат предност заврши со реми 0-0.
Утре, не очекува натпревар против тимот на ФК Локомотив од Софија во 12-30 часот по локално време.