КК Вардар гостуваше во Битола кај тимот на Пелисер, во меч со две различни полувремиња ние бевме поразени. Момите на Радуловиќ водеа во првиот период, сепак искуството и подолгата клупа беше на страна на домаќинот.
Одигравме одлична прва четвртина за секоја пофалба, доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра и со дури 12.поена повеќе ја завршивме истата (18-30). На одмор заминавме помеѓу двете полувремиња со двоцифрена предност, односно со резултат 42-52. Следеа две слаби четвртини по кој домаќинот направи целосен пресврт и победи со високи 96-81.
Кај нас Провел имаше 26.поена, Нивеш уфрли 20 во кошот на зелено-белите, третти стрелец беше Робев со 10.поена.