Момците на популарниот Чунга на првиот меч на турнирот во Бугарија се сретнаа со екипата на ЦСКА од Софија.
Одигравме одличен дуел, доста борбен на терен со природна трева што додатно ја отежнуваше играта. Првиот дел заврши со резултатска симетрија, 1:1. Ние имавме шанси и со погодок повеќе да заминеме на пауза , но не успеавме и покрај неколкуте шанси на 1-1. Во вториот дел двата тима имаа прилики да поведат и победат. За жал во последната минута по кардинална грешка на нашата одбрана бугарите погодија за 1:2, резултат со кој дојдоа до триумф во ова прво коло од Пирин купот 2020. За нас погоди Стефан Младеновски на овој дуел.
Напомена, генерацијата 2007 се натпреварува во групата Ц, во која покрај денешниот наш ривал се уште и екипите на Локомотива Софија (2) и Ботев Вратса.