Брегалница и Металург беа први противници во Б-лигата за нашите резерви , двата меча ги одигравме на гости и одигравме два нереши дуела .Нашиот Б-тим ова му е прилика да ја оствари првата победа во втората сезона од ова “неформално“ натпреварување. Филип Трајчевски од младинците на Вардар и Филип Гачевски ќе бидат голманскиот тандем на денешниот дуел. Тој настапи и за првиот тим на мечот од Купот на РМ против битолски ФК Пелистер кога дебитираше на 17 години како најмлад голман на сите времиња кој дебитирал во светиот вардаров дрес.