Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар Јуниор се пласираше во следната фаза на Челинџ купот
Жрк Вардар Јуниор се пласираше во следната фаза на Челинџ купот

Жрк Вардар Јуниор се пласираше во следната фаза на Челинџ купот

Вчера во спортскиот центар Јане Сандански се одигра вториот натпревар, помеѓу Жрк Вардар јуниор и Лондон Ејнџелс. Овој меч беше само формалност, ако се знае дека на првиот дуел остваривме исто така висока победа. Избраничките на Симовски уште еднаш високо го поразија противникот, овој пат со резултат 35:17.

Сличен тек имаше и овој дуел, на кој црвено-црните имаа водство од самиот почеток, кој траеше се до крајот. Уште по првиот дел беа јасни работите, кога на одмор се замина со предност од 22:6. Во вториот дел тренерот им даде шанса за настап на сите ракометарки кои беа во составот за овој втор меч. Конечниот резултат беше реално отсликување на она што се случуваше на теренот. Противникот се покажа како сеуште недораснат да се натпреварува во Европа, а нашите девојки преку овие мечеви ветуваат подолг претстој во Челинџ купот.

Најефикасна наша ракометарка беше Ангела Тодоровска со 6 голови, Марија Прленда и Сара Митова додадоа по 5.

Вардар јуниор: Ладева, Белмезова, Митова 5, Прленда 5, Тодоровска 6, Стојановска 4, Трпковска 1, Нолевска 4, Керамичиева 1, Бојаџиска 1, Гичевска 4, Мишевска 3, Николовска 1, Петровска, Велкова.

Следни можни противници за следната рунда на Вардар Јуниор се: Сокол Поруба (Чешка), Гран Канарија (Шпанија), Вирто (Холандија), Старт Елблаг (Полска), Војводина (Србија), Кастамону (Турција) и Карпати (Украина). Ждрепката ќе се одржи следниот вторник.