Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > 7 коло на детската лига, настапи за Фк Вардар генер. “2006“ и “2007“
7 коло на детската лига, настапи за Фк Вардар генер. “2006“ и “2007“

7 коло на детската лига, настапи за Фк Вардар генер. “2006“ и “2007“

Своите натпревари во рамките на 7 коло од детската лига, вчера на терените на фудбалскиот клуб Работнички ги одиграа Вардаровите генерациии родени “2006“ и “2007“ година.

Фк Вардар генерација “2006“ предводена од Игор Кралевски настапи со своите две екипи и забележа една победа и нерешен резултат.

Фк Вардар(1) беше подобар од тимот на Ринија со резултат 4:0. Сосема заслужен триумф за оваа екипа која ја имаше контролата на игра во текот на целиот меч. Посебно со своите голгетерски способности се истакна Давид Голубов кој постигна хет-трик и беше еден од најзаслужните за убедливата победа. Освет тоа Давид со воодушевување беше проследе од присутните на натпреварот. Максим Цониќ беше стрелец на еден гол.

Фк Вардар(1) : Андреј Дастан, Михаил Николов, Давид Голубов, Милош Спасовски, Максим Цониќ, Андреј Стефковски, Драган Јанкоски, Дамјан Крстевски.

Фк Вардар(2) ремизираше со екипата на Милано со конечни 1:1. Повторно во центарот на вниманието во Вардаровиот состав беше Никита Патаровски, кој беше стрелец на единствениот гол за црвено-црните. Ова момче се смета за голем талент и надеж, чие време треба допрва да доаѓа.

Фк Вардар(2) : Лука Јаневски, Данил Ордевски, Филип Спасовски, Михаил Танчев, Милош Проковиќ, Никита Патаровски, Ангел Крстевски.

Тренерот Кралевски искажа задоволство од прикажаната игра и залагање на двете екипи, кои го подгигнуваат нивото на игра како одминува детската лига.

Седмото коло го одиграа и генерацијата “2007“ која ја предводи Томче Трајановски. Двете екипи забележаа убедливи победи со идентичен резултат.

Фк Вардар(1) беше убедлив во дуелот со тимот на Работнички. Конечниот резултат гласеше 5:0. Одлична игра на нашата најмлада генерација која оставрува добри резултати, победувајќи екипи кои се од подобрите школи во Македонија. Марко Крстевски постигна три гола, по еден дело на  Петар Мицевски  и Лео Манчев.

Фк Вардар(2) со ист резултат од 5:0 ги совалда своите врсници од Македонија Ѓ.П со резултат 5:0.  Оваа екипа го потврди доброто издание на своите соиграчи и успешно го завршија ова коло. Борјан Томовски и Стефан Младеновски постигнаа по два гола, додека еден беше дело на Војо Стојановски.