Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Ниту Струга не застана на “патот“ на Рк Вардар 2, вкупно осма победа во лигата
Ниту Струга не застана на “патот“ на Рк Вардар 2, вкупно осма победа во лигата

Ниту Струга не застана на “патот“ на Рк Вардар 2, вкупно осма победа во лигата

Екипата на Рк Вардар полека но сигурно чекори кон пласманот во најсилната супер лига. Во натпревар од рамките на 9 коло во првата ракометна лига, избраниците на Петрушевски беа подобри од екипата на Струга. Мечот се одигра во С.Р.Ц Кале и заврши со резултат од 27:20.

Имавме можност да гледаме еден квалитетен и цврст натпревар, во кој победникот се реши во пследните десет минути. Иако во поголем дел од мечот ја контролиравме играта и имавме водство, противникот даваше силен отпор. На самиот почеток имавме предност од 2:0 и 4:1, но набргу екипата на Струга успеаа да го израмни резултатот на 5:5. Следуваа моменти на добар период за двете екипи, Вардарци повторно се поведоа со два гола разлика, но гостинот го возврати ударот и на полувреме замина со предност од 10:11. Во ова прво полувреме немаше многу ракометна убавина, гледавме цврста игра во одбраната од двете екипи.

Второто полувреме започна со два наши голови за водство од 12:11. Во следниот период се играше некако гол за гол на двете страни, ниту една од двете екипи не успеаа да поведе со повеќе од еден гол разлика. Клучниот период за конечниот победник се случи кога од резултат 18:17 за Вардар, црвено-црните направија неверојатна серија од 6:0 за веќе високо и недостижно водство од 24:17. До крајот на мечот двете екипи постигнаа по три голови, за конечни 27:20.

Ова е вкупно осма победа за Вардар 2 во првата ракометна лига, кои заедно со екипата на ХЈС Работник го држат првото место со вкупно 24 освоени бодови.

Најефикасен на денешниот меч беше повторно Тоше Ончев со 6 постигнати голови. Александар Димовски и Стефан Трпчевски додадоа по 5.

Рк Вардар 2: Кизиќ, Виларов, Димов, Јагуриновски 4, Димовски 5, Анастасовски 1, Стојковски, Стошиќ, Љубевски, Трпчевски 5, Димитровски, Кукуловски 2, Крстевски 1, Димковски, Ончев 6, Арсеновски 3.