Втората младинска екипа на ракометниот клуб Вардар која се натпреварува во оваа лига, забележа победа во дуелот со Преспа од Ресен. Младинците на Рк Вардар предводени од тренерот Чивлачки триумфираа со резултат 23:16. Мечот се одигра во спортскиот ракометен центар Кале.
Гостинскиот тим одлично го започна овој натпревар и некаде до 10 минута имаше постојано водство, кое не беше поголемо од еден гол разлика. Во следниот период следиме доста израмнет дуел на двете екипи, кои не дозволуваат противникот да се одлепи резултатски. При наше водство од 8:7, црвено-црните успеваат со серија од три последователни гола за прв пат да направат поосетна разлика и да поведат со 11:7. До крајот на првиот дел по еден гол на двете страни, за на одмор да се замине со резултат 12:8.
На почетокот на вториот дел продолжува добрата игра на младите Вардарци, која беше наметната на крајот од првиот дел. Следи мал пад во нашата игра, што му овозможува на гостинот да намали на само еден гол негатива 14:13. Повторно успеваме со цврста игра во одбраната и со трпеливи и изградени напади да ја вратиме предноста од четири голови. Во последните пет минути само го зголемувавме водството, за конечни 23:16 на овој младински натпревар.
Најефикасни во нашиот состав беа Мицановски и Мишевски, кои постигнаа по 5 голови.
Рк Вардар: Ставровски, Босиловски 1, Стојчевски 2, Овнарски , Чакалиќ 4, Јаховиќ , Барлаковски 2, Блажевски, Николов 3, Мицаноски 5, Бабанов, Мишевски 5, Кочаров, Давчев , Хаџидимовски 1.