Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-Лига : Вардар денес игра меч со Работнички во 13часот
Б-Лига : Вардар  денес игра меч со Работнички во 13часот

Б-Лига : Вардар денес игра меч со Работнички во 13часот

Денес  со почеток од 13-00 часот Б-тимот на ФК Вардар на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров, како   домаќин ќе го одигра заостанатиот натпревар од 2.коло во лигата за Б-тимовите. Противник на црвено – црните ќе биде резервниот состав на ФК Работнички.

 Брегалница и Металург беа први противници во Б-лигата за нашите резерви , двата меча ги одигравме на гости и одигравме два нереши дуела .Нашиот Б-тим ова му е прилика да ја оствари  првата победа во втората сезона од ова “неформално“ натпреварување.  Филип Трајчевски од младинците на Вардар и  Филип Гачевски ќе бидат  голманскиот тандем на денешниот дуел. Тој настапи и за првиот тим на мечот од Купот на РМ  против битолски ФК Пелистер кога дебитираше на  17 години како најмлад голман на сите времиња кој дебитирал во светиот вардаров дрес.