Минатиот, викeнедов на програмата беше 13.коло во Првата сениорска кошаркарска лига кај дамите. Во ова 2.коло од вториот дел требаше да се одигра дербито кое е клучно за лидерското место Бадел-Вардар. По барање на домаќинот, екипата на сино-жолтите мечот доби нов термин.
Натпреварот ќе се игра, задутре на 28/02/2020 (петок) во салата “Независна Македонија“. Дуелот е закажан со почеток во 19 часот и 20 минути. По 12.кола тимот на Жаклина Стојановска е прв со 12.победи, ривалот има 11 и еден пораз, од нас во Кале. Тогаш ние со доминантна игра победивме со 80 – 63. Со евентуална победа во гости ние ќе создадеме предност пред евентуалната и меѓусебна финална серија.