Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Од Вардар во чешкиот второлигаш Јихлава
Од Вардар во чешкиот второлигаш Јихлава

Од Вардар во чешкиот второлигаш Јихлава

Екс дефанзивецот на Вардар, младиот 20-годишен Никола Серафимов пронајде нова средина по заминувањето од редовите на „црвено – црните”, па наместо во тимот на Вождовац, заминува во чешкиот второлигаш Височина Јихлава.

Како што информира чешкиот второлигаш, преговорите со нашиот фудбалер се во завршна фаза и во текот на овие денови се очекува потпишување на договор.

Тимот на Височина Јихлава по половина сезона е второпласиран во Втората лига на Чешка и ја продолжува борбата за враќање во елитното друштво.

Серафимов оваа сезона во ПМФЛ за Вардар одигра 12 првенствени натпревари.