Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Дербито Бадел-ЖКК Вардар на програмата во петок
Дербито Бадел-ЖКК Вардар на програмата во петок

Дербито Бадел-ЖКК Вардар на програмата во петок

Минатиот, викeнедов на програмата беше 13.коло во Првата сениорска кошаркарска  лига кај дамите. Во ова 2.коло од вториот дел требаше да се одигра дербито кое е клучно за лидерското место Бадел-Вардар. По барање на домаќинот, екипата на сино-жолтите мечот доби нов термин.

Натпреварот ќе се игра, задутре на 28/02/2020 (петок) во салата “Независна Македонија“. Дуелот е закажан со почеток во 19 часот и 20 минути. По 12.кола тимот на Жаклина Стојановска е прв со 12.победи, ривалот има 11 и еден пораз, од нас во Кале. Тогаш ние со доминантна игра победивме со 80 – 63. Со евентуална победа во гости ние ќе создадеме предност пред евентуалната и меѓусебна финална серија.