Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го “поплави“ Чаир со 40+, голманките Грујовска и Трајкоска „двоцифрени“
ЖРК Вардар го “поплави“ Чаир со 40+, голманките Грујовска и Трајкоска „двоцифрени“

ЖРК Вардар го “поплави“ Чаир со 40+, голманките Грујовска и Трајкоска „двоцифрени“

ЖРК Вардар триумфално и убедливо ја започна 2020 година, денес во 1.коло од пролетниот дел односно 6.рунда од женската младинска бевме гости кај тимот на Чаир. Во мечот во кој влеговме како фаворити  го добивме со неверојатни 40.гола повеќе (56:16).

Нема што многу да се објаснува околу движењето на резултот, по првата минута ние заигравме одлично во одбраната, доминиравме во целост во напад казнувавме па за само 10.сетина минути се наговести „потопот“ на чаирчанки кога поведовме до 10-2. Се до крајот на првиот дел ништо не се смени ние погодивме уште 20.пати наспроти само три гола на домаќинот. На одмор во Чаир се замина со наша предност со резултат 30-5.

Вториот дел беше чиста формалност, домаќинот на почетокот успеа да врзе конечно два гола и да намали од 31-5 на 31-7, но се беше познато освен еден факт, со колкава разлика ќе бидеме победници на оваа средба.  Нашата доминација беше неприкосновена, нашата одбрана на ниво, денес Трајкоска и Грујовска блескаа на голот па сето тоа беше наградувано во напад каде најчесто казнуваа нашите крила. Победивме со дури 40.гола повеќе, ние триумфиравме со неверојатни 56:16.

Денес двоцифрени беа голманките, Симона Грујовска дојде до број на одбрани како и нејзиниот број на дрес (12), Трајкоска Јована сопра еден удар помалку (11), крилото Стефанија Ѓорѓиевска беше прв стрелец (8), денес креативната Ана Марија Коларовска дојде до гол помалце колку и крилото Трпевска Ивона (7). Она што радува се 6-ките на девојките кои беа повредени, пикерот  Ивана Џатевска и „универзалната“ Кети Ангеловска.