Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > „Критични” се Брдаровски, Гачевски, Цветаноски и Ибиши
„Критични” се Брдаровски, Гачевски, Цветаноски и Ибиши

„Критични” се Брдаровски, Гачевски, Цветаноски и Ибиши

За разлика од почетокот на шампионатот и само едниот освоен бод во првите две воведни кола, Вардар во пролетниот дел од шампионатот „врза” две значајни победи во дуелите со Македонија ЃП и Борец и со „киксот” на Шкендија кај Силекс, се зацврсти на првенствената табела со сега веќе десет бодови повеќе пред тимот од Тетово.

Здравствениот билтен кај лидерот е одличен во овој момент, но им се заканува суспензија на дури четворица првотимци ако добијат жолт картон на некој од следните натпревари.

Голманот Гачевски, потоа одбрамбениот играч Брдаровски како и офанзивците Цветаноски и Ибиши имаат по четири жолти картони, односно со добивање на следниот, ќе треба да одмараат еден натпревар.