Вардар се израдува на третата победа оваа сезона, откако вчера на домашен терен го совлада тимот на Академија ФМП со 79-77 (24-19, 18-20, 18-21, 19-17) во меч од 16. коло во Првата лига.
Кошаркарите на Вардар одиграа супер прва четвртина и имаа предност од пет поени. Сепак, гостинот се врати во натпреварот, па така пред крајот имаше и пет поени предност, но на крајот не доволини за победа. Во последниот напад, на неколку секунди до крајот, искусниот во нашиот тим Робев ја презеде одговорноста, биеше и постигна два поени за голема победа на Вардар и продолжување на борбата за опастанокот.
Провел со 23 поени беше прв стрелец кај Вардар, Радош имаше исто така супер натпревар со 21 поен, Робев додаде 18, а новото засилување Коне, застана на 7 поени, а имаше и 7 скокови.