Новите засилувања, Борко Ристовски и Марко Мишевски вечерва го одбработија првиот тренинг со Европскиот Шампион. После потпишување на договорите, тие веднаш се ставија на располагање на тренерот Алушовски. Ристовски го одработи својот тренинг со голманите, под менторството на Дејан Периќ. Борко и Марко своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат во недела, кога Вардар гостува кај тимот на Нексе, во рамките на 1/4 финалето од СЕХА-лигата.