Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардаровите екипи имаа успешно пролетно коло, некои се одлепија на врвот, додека други ја намалија разликата со конкурентот за трофејот
Вардаровите екипи имаа успешно пролетно коло, некои се одлепија на врвот, додека други ја намалија разликата со конкурентот за трофејот

Вардаровите екипи имаа успешно пролетно коло, некои се одлепија на врвот, додека други ја намалија разликата со конкурентот за трофејот

Изминатиов викенд се одигра првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите екипи имаа успешен старт, забележувајќи четири победи на исто толку одиграни натпревари против екипата на Еуроспорт.

Помладите пионери очекувано славеа на гостувањето во Куманово и со тоа ја продолжија победничката серија која трае од есента. Еуроспорт не беше сериозен противник за нашите млади надежи, кои триумфираа со резултат 0:6. Уште во првото пролетно коло, пом.пионери на Вардар се одлепија на табелата од својот најголем конкурент за трофејот, екипата на Работнички која загуби на стартот на пролетта од екипата на Њу Старс. На тој начин, Вардар ја зголеми бодовната разлика пред градскиот ривал на седум бодови, додека разликата со Шкендија остана на шест бодови. Вардар е прв со 37 бодови, Шкендија има 31 бод, додека Работнички 30.

pom-pioneri

Пролетниот дел добро го започнаа и пионерите на Вардар кои исто така ги победија врсниците од екипата на Еуроспорт (1:5). Ова беше и деби трумф во лигата за новиот предводник на оваа генерација, Милан Коцески. После ова коло, Вардар ја намали бодовната разлика на четири бодови со екипата на Академија Пандев која во првото пролетно коло одигра без голови на гостувањето кај екипата на Шкупи, иако чаирчани и промашија пенал за победа. Акад.Пандев остана лидер со 38 бодови, додека Вардар има 34.

pioneri

Кадетите на ФК Вардар имаа фуриозен старт на пролетниот дел, победувајќи на домашен терен убедливо против Еуроспорт (8:0). Победа на стартот забележа и екипата на Шкендија, додека поразени беа екипите на Работнички и Академија Пандев, исто така конкуренти на Вардар за трофејот. Вардар и Шкендија останаа на првите две места со еднаков број на бодови, по 32 имаат и двете екипи, зголемувајќи ја предноста пред Работнички кои останаа на 28 бодови и Академ.Пандев со 27, додека Шкупи е на 5.месо со 25 бодови.

kadeti

Со триумф тргнаа и младинците, кои немаа проблеми во дуелот со Еуроспорт, момците на Драган Стефановски победија со резултат 6:0 и на тој начин избија на 5.место на табелата потиснувајќи го место подоле тимот на Њу Старс кој во ова коло беше поразен од тимот на Работнички.

mladinci