Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардарци со голема победа, Робев херој на дуелот
Вардарци со голема победа, Робев херој на дуелот

Вардарци со голема победа, Робев херој на дуелот

Вардар се израдува на третата победа оваа сезона, откако вчера на домашен терен го совлада тимот на Академија ФМП со 79-77 (24-19, 18-20, 18-21, 19-17) во меч од 16. коло во Првата лига.

Кошаркарите на Вардар одиграа супер прва четвртина и имаа предност од пет поени. Сепак, гостинот се врати во натпреварот, па така пред крајот имаше и пет поени предност, но на крајот не доволини за победа. Во последниот напад, на неколку секунди до крајот, искусниот во нашиот тим Робев ја презеде одговорноста, биеше и постигна два поени за голема победа на Вардар и продолжување на борбата за опастанокот.

Провел со 23 поени беше прв стрелец кај Вардар, Радош имаше исто така супер натпревар со 21 поен, Робев додаде 18, а новото засилување Коне, застана на 7 поени, а имаше и 7 скокови.