Кристијан Дисингер се огласи и најави дека останува во редовите на Европскиот шампион до крајот на оваа натпреварувачка сезона со една цел – неговиот тим да успее во својте намери. Дисингер од поодамна е повреден, па на така тенкиот бековски ростер, посакуваме што побрзо да се врати на ракометните терени.
„Останувам во Вардар до крајот на потпишаниот договор, би сакал да успееме“, напиша Дисингер на социјалните мрежи.
Германскиот ракометар во овој момент е повреден и сеуште е нејасно дали ќе се врати за дуелите со ПИК Сегед во ЛШ. Првиот дуел во Скопје, ќе биде одигран на 21 или 22 март.