Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Атанасовски Стефан: Верував во пресврт и кога бевме на минус 8, Петрушевски се труди многу да не направи подобар тим
Атанасовски Стефан: Верував во пресврт и кога бевме на минус 8, Петрушевски се труди многу  да  не направи подобар тим

Атанасовски Стефан: Верував во пресврт и кога бевме на минус 8, Петрушевски се труди многу да не направи подобар тим

Вчера започна пролетниот дел во машката Супер лига, нашиот Вардар Јуниор одигра еден епски дуел. Лошо отворивме во „Јане Сандански“ па тимот на Металург-2 водеше на полувреме 5-13. Момците во вториот дел со огромни напори успеаа да направат пресврт и победија со 24-23.

Дел од овој тим е и Стефан Атанасовски, тоа е пикерот на младиот цевено-црн тим. Голем борец помеѓу двата казнени простора, играч кој бие жестоки битки во два правци. Одличен дефазивен играч и елегантен реализатор во офанзива. Неговата мотивираност вчера кога на тимот не му одеше најдобро се „излеваше“ врз сите, тој веруваше во пресврт иако нашето  резултатско задоцнување не даваше оптимизам. Треба да напоменеме дека поради повреда тој не требаше да настапува, но големиот борец „стисна заби“ и помогна во овој пресврт, дефинитивно храбоста не е нешто што му недостасува. Се испостави дека бил во право, како  го  гледа почетокот на пролетниот дел, ни открива во продолжение.

 stef2

Овие зимски подготовки нашиот стручен штаб добро не подготви, одработивме навистина квалитетно. Доволно долго се работеше, одигравме и голем број контролни дуели кои ја подобрија подготвеноста и наговестија дека нашата форма е во нагорна линија. Па така во вчерашната средба влеговме подготвени за битка со Металург-2.  Напреварот беше дуел на две различни полувремиња, во првото не успеавме да биде на нивото кое е потребно. На паузата  кога бевме на минус осум, верував   во моите момци, знаев дека сме тим со карактер иако имаме нови играчи и подмладен состав. Големата верба и преголемото залагање донесе  победа во финишот на која сме горди цел колектив-вели големиот борец на Вардар Јуниор.

Пред Вардар Јуниор е продолжението од сезоната, битката за опстанок е она што престои пред нив. Нашиот  пикер ветува борба и ја акценира важноста на Петрушевски за досегашниот успех на тимот.

Во продолжението од сезоната во Супер лигата ќе биде тешко, ние  сакаме да си ја завршиме нашата задача и верувам дека ќе успееме да ги оствариме претходно зацртаните цели. Како и за вчерашниот натпревар, така и од сега голем потик ни е тренерот, Стојан  Петрушевски. Огромен професионалец, неуморлив работник, не себичен педагог, тоа е човекот кој навистина многу вложува во нашиот тим. Се труди постојано да напредуваме, има доверба во нас, за која се надевам со добрите игри ќе му ја возвратиме- завршува Атанасовски.

Михајло Тушевски