Вардар Јуниор вчера во второто коло во од пролетниот дел гостуваше кај тимот на РК Пролет. Домаќинот ја оправда фаворитската улога и ја совлада младата црвено-црна екипа.
Mладиот тим на Вардар успеваше да парира се до 13.минута, на седум погодока на домаќинот одговоривме со шест во мрежата на Петар Ангелов-Диви. Потоа следеа минути на тимот кој ќе биде дел од плеј-оф сегментот за титулата, тие влегова во серија(8-1) и поведоа со 15-7. До крајот на првиот дел успеавме да одиграме гол за гол и да намалиме еден погодок од негативата. На пауза се замина со резултат 18-11 за Пролет.
Во вториот период од 30.минути разликата од седум погодоци беше додатно зголемена. Избраниците на Стојан Петрушевски и Манасков Пепи дадоа отпор, но неможеа да го следат ритамот кој го имаа повозрасните ривали. Поразот во овој меч кој нема значење за нас бидејќи ќе играме во плеј-аут сегметот од лигата дојде конечни 37:21.
ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Виларов, Анѓерловски, Јанковски, Чакалиќ, Јакимовски 6, Димевски, Карапалевски 4, Андоноски, Трпчевски 5, Анѓелковски, Стојановски, В. Крстевски 2, С. Крстевски 2, Атанасовски, Дука 2.
фото:гол.мк